Откако Нејмар најави дека сака да се врати во Барселона, каталонскиот гигант секојдневно работи на планот да ги убеди челниците на ПСЖ за трансферот на бразилецот.

Последната понуда од Камп Ноу за Нејмар до ПСЖ е 90 милиони евра и Кутињо. Ова може да ги раздвижи преговорите меѓу двата клуба иако Кутињо е трансфер цел на повеќе тимови од Европа.

Засега нема одговор од ПСЖ за оваа конкретна понуда на Барселона иако станува јасно дека Нејмар ова лето најверојатно повторно ќе го облече дресот на шпанскиот првак.