Управата на Барселона испратила порака до сите заинтересирани за Филипе Кутињо кои се обидуваа да го добијат офанзивецот ова лето но на позајмица.

Одлуката е следна, клубот кој сака да го добие Кутињо ќе мора да исплати на Барселона 9 милиони евра за таа сезона.

Баерн Минхен нема намера да го задржи Кутињо а на листата заинтересирани се Арсенал, Челси и Њукасл.

Јунајтед се повлекол од трката откако решиле да го задржат Погба уште една сезона најмалку. Кутињо премина во Барселона од Ливерпул во јануари 2018 година за трансфер оштета од 150 милиони евра.