Херојот на Барселона во победата против Севиља, Жерард Пике има посериозна повреда на лигаментите на скочниот зголоб и го чека пауза од зелениот терен.

Последните прегледи покажале дека станува збор за истегнување поради кое ќе мора да паузира најмалку две недели.

Ова значи дека Пике нема да биде во составот на Барселона за реваншот со ПСЖ во Лигата на шампионите.

Добра вест за Куман е тоа што Дембеле нема посериозна повреда па би требало да биде во конкуренција за настап за дуелот во Франција на 10 март.