Барселона подготви нов предлог за трансферот на напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинес.

Според пишувањето на FC Inter News, Барселона не сака да плати отстапнина од 111 милиони евра и е подготвена да понуди 70 милиони евра и двајца свои фудбалери – Артуро Видал и Нелсон Самеду.

Барселона Чилеанецот го цени на 20 милиони евра, а Португалецот на 40 милиони. Со оваа понуда Барселона се надева дека Интер ќе се согласи на трансферот.

Претходно беше познато дека Барселона на Мартинес му понуди договор до 2025 година, со плата од 7 милиони евра годишно.

Мартинес оваа сезона настапи на 21 средба од Серија „А“ и постигна 11 гола, комбинирани со 4 асистенции.