Шпанска Барселона е подготвена да му понуди клучна улога на Бернардо Силва од Манчестер Сити ако тој се согласи на трансфер на „Камп Ноу“.

Каталонците во Силва гледаат совршен партнер на Миралем Пјаниќ кој во новата сезона ќе биде дел од тимот кој посакува враќање во игра за титулата во Ла Лига.

Бернардо Силва е еден од омилените играчи на Гвардиола, особено по заминување на Давид Силва и лошата форма на Марез, Португалецот е клучен во плановите на Шпанецот.

Засега нема информација колку пари е подготвена Барселона да потроши на Берардо Силва но се најавува дека во зделката може да биде вклучен Семедо.