Управата на Барселона наскоро ќе има нов состанок со првиот тим со една цел, ново барање за намалување на платите.

Клубот од „Камп Ноу“ пријавил нова загуба од 90 милиони евра со што се продлабочува кризата која може да остави трајни последици по шпанскиот прволигаш и повеќекратен првак.

Фудбалерите на Барселона во март оваа година се согласија на намалување на платите, но ова се покажа како недоволно.

Трансферот на Депај од Лион во Барселона пропаднал поради тоа што каталонскиот гигант не можел да ги исплати парите, сметката му е под надзор и со провремена блокада.

Додека е Меси со Аргентина, управата на Барселона ќе мора да започне преговори за новите кратења во првиот тим а тоа ќе значи и нова правна битка со капитенот и клубот.