Новиот играч во средниот ред на Барселона, Френки Де Јонг во четврток ќе биде презентиран пред навивчите на „Камп Ноу“. Ова го најавува шпанска „Марка“ откако медицинските прегледи се закажани за предпоследниот ден од оваа работна седмица.

Де Јонг ќе им се приклучи на неговите нови соиграчи на 14 јули за кога е закажана и првата прозивка пред почетокот на подготовките за новата сезона.

Де Јонг во Барселона доаѓа од Ајакс за сума од 75 милиони евра со дополнителни 11 милиони на име на бонуси.