Екипата на Барселона покажува интерес за Португалскиот репрезентативец Ренато Санчез.

Санчез многу млад , реши да ја напушти Португалија и потпиша за Баерн Минхен каде не се снајде баш најдобро , па беше испратен на позајмица во Свонси од каде повторно се врати во Минхен, и се чинеше дека Санчез ќе остане „вечен“ талент, но не испадна така.

Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Санчез  играше одлично и на Европското првенство, а откако ја освои титилата со Лил спремен е да направи чекор напред во кариерата.

Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска, а најголема желба на тренерот Куман е токму Ренато Санчез. Каталонците стапиле во контакт со неговиот агент и го сакаат Португалецот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Лил е спремен да го пушти и одреди цена од 35 милиони евра, а Барса ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Португалецот интерес покажуваат уште Ливерпул и Милан.