Куман и неговите помошници се уште се во дилема дали да дозволат Осман Дембеле да биде продаден во зимскиот преоден рок по повредата на Ансу Фати.

Според шпански „Спорт“, Барселона веќе им дала до знаење на клубовите кои го бараат Дембеле дека репрезентативецот на Франција ќе биде достапен во јануари но само за трансфер, не и за позајмица.

Дембеле има уште 18 месеци од договорот со Барселона и поради ова тимот од „Камп Ноу“ се обидува да заработи барем 50 милиони евра од неговата евентуална продажба.

Сега многу работи ќе зависат од Фати кој допрва ќе дознае за колку време би се рехабилитирал во целост.