Барселона го купи Антоан Гризман за 120 милиони евра и сега нема пари за Нејмар, ова го тврди „Daily Mail“ кој го цитира претседателот на клубот  Жосеп Бартомеу.

Бартомеу на прес конференција изјави дека за реализација на трансферот на Гризман подигнале кредит од 35 милиони евра за период од  шест месеци, останатите 85 милиони ќе ги обезбедат од продажба на играчи.

Според ова тврди „Daily Mail“ клубот Барселона нема ни цент за Нејмар. ПСЖ за репрезентативецот на Бразил бара 200 милиони евра, сума која засега ја нема  и не е прифатлива за Барселона.