Најдобрата тенисерка на светот, Ешли Барти уште една ја потврди својата одлична форма, откако во финалето од Федерејнш Купот ја совлада французинката Каролин Гарсија со 6-0 и 6-0.

Со оваа победа Австралија го израмни резултатот во победи на 1-1, по  победата на Кристина Младеновиќ над Томијановиќ со 6-1, 6-1.

Женската ФЕД Куп репрезентација на Франција на овој трофеј чека од 2003 година, додека Австралија од 1974 година.

Освојувачот на овогодишниот Куп ќе биде познат утре, кога ќе се одиграат останатите натпревари во сингл и двојки.