Жозеп Мариа Бартомеу по една ноќ мината во полициска станица, повторно е на слобода, утрово „условна слобода“.

Бартомеу е првообвинет во скандалот со лажни профили, клубот под негово водство плаќал компании и приватни лица на социјалните мрежи, тие имале за цел да го оцрнат угледот на клубот, но и на Меси и Жерар Пике.

Полицијата се фокусираше на Жозеп Мариа Бартомеу и неговиот најблизок соработник Хауме Масферер.

„Судот во Барселона, повод случајот од мај 2020 година, по сослушувањето на поранешните раководни лица во Барселона, Жозеп Марија Бартомеу и Хаиме Масферер им одреди кауција и тие можат да се бранат од слобода“, се вели во соопштението.