Жозеп Бартомеу нема да поднесе оставка и останува на чело на Барцелона.

Ова е епилогот од состанокот на Бордот на директори на каталонскиот клуб што попладнево се одржа на „Камп Ноу“.

Спроти состанокот, шпанските медими јавија дека постојат реални шанси бордот на директори да поднесе колективна оставка, но до тоа не дојде.

Сега се е во рацете на здравствените власти во Каталонија кои треба да одлучат дали во услови на ескалација на состојбата со коронавирусот постојат услови да биде одржано гласање за недоверба на Бартомеу.

Доколку властите дадат зелено светло, гласањето ќе се одржи на 1 и 2 ноември.