Барселона ќе го задржи Гризман и нема да му ја исполни желбата на Меси да го врати Нејмар на „Камп Ноу“ ова лето.

Претседателот на „Каталонците“ Бартомеу посочи дека ангажманот на Пјаниќ е остварување на неколкугодишен план а продажбата на Артур спортска одлука.

„Со оглед на околностите на трансфер пазарот и влијанието на кризата од Ковид-19, купувањето на Нејмар ова лето изгледа како невозможна мисија. Меси сакам да остане, знам дека сака да се пензионира во Барса и верувам дека ќе игра за нас уште многу години.“ – вели Бартомеу.

Тој исто така демантираше дека Гризман ќе биде продаден ова лето, што значи дека Меси ќе мора да ја прифати реалноста ако сака да остане во Барса.