Претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу, вечерва закажа состанок со спортскиот директор Ерик Абидал, а темата ќе биде неговиот конфликт со главната клупска ѕвезда Лионел Меси.

Според Mundo Deportivo, иако почетокот на средбата касни поради обврските на Бартомеу во Брисел, тие вечерва сигурно ќе се сретнат.

Конфликтот настана откако Абидал ги обвини фудбалерите на Барселона дека не играле со полн капацитет, бидејќи не го сакаа претходниот тренер Валверде. На тоа Меси застана во одбрана на играчите и го повика Абидал да го докаже своето тврдење и да ги каже имињата на фудбалерите за кои зборува.

Според шпанските медиуми, на состанокот може да се случи се, па дури и отказ за Абидал.