Барселона можно е да остане без титулата во Ла Лига а во лениот преоден рок да биде приморана да направи сериозни промени во составот но и не и на менаџерската позиција, Кике Сетиен останува и следната сезона.

Претседателот на Барса, Бартомеу признава дека никој не знае што се може да се случи но важно е дека оптимизамот е присутен на „Камп Ноу“.

„Овој летен преоден рок ќе биде чуден, невообичаен. Големите клубови имаат финансиски проблеми, но ние во Барселона веруваеме дека можеме да бидеме конкурентни на трансфер пазарот. Во случајот со Лаутаро, преговорите во моментов се на пауза, разговаравме со Интер пред неколку недели. Сега мора да ја анализираме целокупната ситуација и да го одредиме темпото на преговори. Меси е најдобриот фудбалер во историјата на оваа игра, разговаравме со неговиот агент и тоа ќе го направиме повторно. Немаме дилема дека сакаме а и тој сака да остане на „Камп Ноу“.“ – изјави Бартомеу.

Интер за Лаутаро Мартинез бара 111 милиони евра, додека од Барса се надеваат дека ќе го добијат за помала сума и со помош на трампа на бајмалку еден играч.