Еден од најдобрите фудбалер, напаѓачот кој го одбележа ’90 и тогашната Серија А, Габриел Батистута откри зошто мора да ја заврши кариерата пред време.

По пензионирањето имал потешкотии во одењето. Бил очаен и со многу болки.

„По завршување на кариерата имав проблеми со зглобовите, вените, коските ме болеа. Истиот проблем кој Ван Бастен го имаше на 28 години. Имаше денови кога не можев да станам од кревет, плачев од бес. Моето семејство ме поддржуваше и охрабруваше, но многу страдав. Толку ми беше лошо, што повикав еден пријател доктор и го молев да ми ги ампутира нозете. Го молев, инсистирав, му реков дека тоа не е живот повеќе.“ – вели легендарниот фудбалер.

Батистута имал повеќе операции, а минатиот месец бил на уште една на која му се ставени протези за зглобовите и се чувствува многу подобро.