Фудбалерот на Баерн Минхен, Иван Перишиќ се опорави од повредата и ќе биде во конкуренција за настап во недела на дуелот против Унион Берлин. Германски „Кикер“ тврди дека хрватскиот крилен напаѓач целосно се опоравил од повредата на глуждот.

Бундеслигата продолжува овој викенд, а „Баварците“ ќе бидат посилни за Перишиќ и Левандовски кој исто така се ваќа во стројот на тренерот Флик.

За потсетување, Хрватот во Баерн настапува како позајмен фудбалер од Интер до 2022 година, а сезонава даде четири гола и пет асистенции во неговите 15 натпревари во „Баварците“.