Баерн Минхен во последните два натпревари во Бундес лигата, киксираше против Хофенхајм од кого загуби и ремизираше со Аугсбург. Со овие два резултати „баварците“ по 8.кола имаат 15 поени и го имаат најслабиот старт во една сезона во последните 9 сезони.

Овие резултати имаат тежина плус, ако се знае дека во првите 8 натрпевари германскиот гигант одигра само еден меч со тимовите кои се на првите 5 позиции на табелтата.

Тоа е натпреварот против Лајпциг на кој ремизираа со 1-1, а во следниот период ги очекува дуели против Борусија Менхенгладбах, Волфсбург и Борусија Дортмунд.