Германскиот првак Баерн Минхен сезонава не е така убедлив во Бундес лигата како претходните сезони, а повеќе од јасно е дека голем дел од фудбалерите се во доцните 30-ти, па во летниот преоден рок раковдството планира да доведе големи фудбалски имиња на „Алијанц Арена“.

Во плановите на „баварците“ е ѕвездата на Ливерпул и Бразил, Роберто Фирмино, кој и сезонава е еден од носителите на играта на Ливерпул. Германците за Бразилецот се спремни да понудат неверојатни 200 милиони евра.

Покрај него германскиот првак е во сериозни преговори со Манчестер Сити за Сане, кој не добива шанса кај Пеп Гвардиола и на лето има желба да го напушти „Етихад“.