Герет Бејл е на списокот на Рајан Гигс за евроквалификациските натпревари проти Азербејџан и против Унгарија и покрај тоа што напаѓачот на Реал Мадрид е повреден.

Селекторот на Велс одлучи да испрати повик до Бејл и со ова допиолнително се разви теорија дека крилниот напаѓач симулира повреда затоа што повеќе не сака да игра за „Кралевите“.

Бејл поледен пат играше за Реал во победата над Гранада од 4:2. Велс на 16 ноември гостува во Баку додека три дена потоа ќе ја дочека Унгарија во Кардиф.