Велшанецот Герет Бејл со сигурност ќе се врати во Премиерлигата и ќе го носи дресот на Манчестер јунајтед, тврдат англиските медиуми.

Според угледниот „Тајмс“, Бејл дал зелено светло за преселба во Јунајтед,каде, според истиот извор, ќе замине како позајмен играч,

Причината поради која Бејл не сака да потпише долгорочен договор со премиерлигашот е финансиски мотивирана.

Бејл настојува да биде платен до истекот на договорот со Реал Мадрид, според кој Велшанецот заработува 15 милиони евра годишно.