Шпанскиот весник „Марка“ објави дека англискиот фудбалски клуб Тотенхем ќе се обиде во своите редови да го врати фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл за сума од  60 милиони евра.

Токму од Тотенхем Герет Бејл се пресели во Реал Мадрид за сума од 100 милиони евра.Зинедин Зидан тренерот на Реал Мадрид изјави дека во новата сезона нема да има место за Герет Бејл во неговиот тим,по што со сигурност велшкиот репрезентативец ќе биде продаден оваа лето.

Останува сега управата на Реал Мадрид да реши за која сума ќе го продаде Бејл,знаејќи дека за него има голем интерес особено од англиските тимови.