Тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо во изјава за англските новинари не откри дали Герет Бејл за прв пат по доаѓањето од Реал ќе дебитира за лондонскиот премиерлигаш викендов против градскиот ривал Вест Хем.

Нема да ви кажам дали тој ќе игра“, рече Мурињо, додавајќи дека Велшанецот добро напредува на враќање во форма.

Тоа што можам да ви кажам е дека тој работи многу добро и е во многу добра физичка кондиција“, додаде тренерот на Тотенхем.