Џонатан Барнет, агентот на Герет Бејл е во Кина и работи на комплетирање на трансферот од Реал Мадрид во Јиангсу Сунинг.

Кинескиот клуб веќе почна да го следи Бејл на Инстаграм а подготвен е да му даде плата од 17 милиони евра годишно а да потпишат договор на три сезони. Реал Мадрид сака да се ослободи од репрезентативецот на Велс а се очекува од овој трансфер да заработи околу 80 милиони евра.

Зидан јавно потврди дека очекува се брзо да заврши а Барнет го обвини дека неговото однесување и изјави не одат во прилог на развојот на настаните поврзани со продажбата на Бејл.