Поранешниот фудбалер на Шкендија, Егзон Бејтулаи во јануари потпиша тригодишен договор со Хелсинборг кој по само пет месеци е раскинат. Македонскиот репрезентативец побара раскин на договорот, поради семејни причини, одлука која клубот ја прифати.

Поради семејни причини, мора да останам дома. За доброто на клубот, но и за мое добро, ова беше најреално решение. Клубот ме поддржа и мило ми е што постигнавме ваков безболен договор. Работите не излегуваат секогаш како што се надевате, му посакувам на клубот се најдобро во иднина“ – изјави Бејтулаи за официјалниот сајт на клубоот.

Хелсингборг објави дека го поддржува фудбалерот во својата одлука и му посака се најдобро во продолжението на кариерата.