Еден од сопствениците на Интер Мајами, Дејвид Бекам потврди дека е заинтересиран за ангажман на вечните ривали, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Бекам веќе стапил во контакт со двајцата фудбалери кои се поврзуваат со заминувањео од Барселона и Јувентус.

Меси има договор со „каталонците“ до овој јуни додека Роналдо со „Стадата Дама“ до јуни 2022 година.

„Знам дека навивачите на Интер Мајами сакаат големи ѕвезди. Меси и Роналдо се поврзуваат со нас, тие се најдорите во последните 15 години, а ние ги сакаме најдобрите играчи. Мајами има голема моќ за привлекување, атоа веќе го докажавме со Игуаин и Матуиди.“ – вели Бекам.