Белгискиот фудбалски репрезентативец Тоби Алдервајлед е пред заминување од својот матичен клуб Тотенхем, а според најавите следна дестинација за фудбалерот ќе биде Серија А.

Рома покажа сериозен интерес за 30-годишниот Белгиец и во него гледа замена за Костас Манолас.

Белгиецот има откупна клаузула од 25 милиони фунти, која Рома е подготвена да ја плати.