Белгија значително ослабена ќе го започне Европското првенство во фудбал, затоа што селекторот Роберто Мартинез не може да смета на Кевин Де Брујн и Аксел Витсел.

Фудбалерите на Манчестер Сити и Борусија Дортмунд остнаа во националниот тренинг камп во Тубизе, каде ќе продолжат со процесот на опоравување од повредите и не отпатуваа за Санкт Петерсбург, каде националниот тим на Белгија ќе го одигра првиот меч на Европското првенство против Русија, утре од 21 часот.

Де Брујн се наоѓа надвор од теренот од финалето на Лигата на шампионите, кога во дуел со Антонио Рудигер заработи скршеница на носот, но лекарите проценија дека не е потребно да оди на операција.

Витсел од друга страна се опоравува од тешката повреда на Ахиловата тетива, поради која уште од јануари нема одиграно меч, но селекторот сепак одлучи да му прати повик.

Репрезентацијата на Белгија после натпреварот со Русија во групната фаза играат со Данска на 17-ти јуни во Копенхаген, додека на 21 јуни се враќаат во Санкт Петерсбург за натпреварот со Финска.

Се уште не е познато дали Де Брујн и Витсел ќе му бидат достапни на селекторот за второто и третото коло. Инаку, Белгија е еден од главните фаворити за трофејот на ЕУРО 2020.