Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди од притвор ќе го чека судењето закажано за 10 септември, на кое се терети за силување на четири девојки во неговиот дом.

Барањето за кауција, и пуштање да се брани од слобода на Менди е одбиено од страна на судијата и тој од келија ќе чека да биде изведен пред суд.

Неговата ситуација во моментов воопшто не е едноставна затоа што се товари дека сексуално злоставувал четири девојки во неговиот дом во октомври 2020 година.

Манчестер Сити го суспендираше Менди, кој е член на овој клуб од 2017 година.