Трансфер сагата со Жоао Феликс завршува со среќен крај за навивачите на Атлетико Мадрид. Ова го потврдија од португалскиот тим со соопштение до медиумите во кое се наведени деталите колу последната понуда од Шпанија за крилниот напаѓач.

Атлетико Мадрид доставил понуда од 126 милиони евра со што ја активирал откупната клаузула и сега останува само да ги договори условите под кои ќе го облече дресот на „јорганџиите“.

Феликс ова лето се поврзуваше со трансфер во повеќето европски гиганти но екипата предводена од Диего Симеоне делуваше најбрзо на пазарот и наскоро ќе го престави како ново засилување, тврдат медиумите од Шпанија.