Фудбалерите на Бенфика доживеаа нов шокантен пораз, овој пат од Маритимо со 2-0 и полека, но сигурно ја губат битката за титулата со Порто.

Домаќините славеја со головите на Кореа и Пињо во второто полувреме. За потсетување во претходната рунда, Бенфика беше посрамотена од Санта Клара која на гости славеше со 3-4.

Тимот од Лисабон во продолжението од сезоната воопшто не наликува на екипата од претходно и во последните пет кола имаат само една победа, поради што паднаа на втората позиција на табелата.

Сега Порто има позитива од три поени, но и натпревар помалку на пет кола од крајот на Португалското првенство.