Новото раководство на Њукасл нема намера да ги чека Покетино и Алегри и веќе започна преговори со Рафа Бенитез кој е расположен да се врати во Премиер лигата.

Шпанскиот фудбалски тренер во моментов е во Кина каде го води Далиан, но промените во Њукасл и заминување на Мајк Ешли се доволна причина за промени. Како што пренесуваат медиумите од Англија, Бенитез потврдил дека има желба одново да го води Њукасл но има две трансфер желби.

На листата на Бенитез се Баркли од Челси и Стоунс од Манчестер Сити. Покрај овие двајца останува во игра и можниот ангажман на Кутињо.

Бенитез добил понуда од управата на Њукасл, тригодишен договор и 250 милиони фунти за трансфери ова лето.