Рафаел Бенитез (59) ја заврши авантурата со Њукасл, објасни дека до разделбата допшло поради различна визија, не постоела можност за продолжување на соработката.

Договорот на шпанецот со Њукасл официјално заврши вчера, тој инсистирал на долгогодишен договор , не само продолжување на една сезона  и затоа соработката завршила.

„Стана совршено јасно дека не ја делиме истата визија за развој на екипата, раководството на клубот имаше една, јас друга, сакав да бидам дел од долготраен проект, разделбата беше неминовна“ – изјави Бенитез.

Њукасл сезоната ја заврши на 13. место, Бенитез беше во клбот од март 2016 година.