Уругвајскиот репрезентативец и фудбалер Родриго Бентанкур и официјално стави потпис на нов договор со клубот од Торино каде ќе остане до 2024 година.

22-годишниот играч за врска позади себе има одлична сезона па поради тоа новиот тренер на Јувентус Сари се реши веднаш да го потврди овој играч за период кој следи.

Токму италијанскиот шампион денес на својот официјален сајт потврди дека фудбалерот за врска останува во клубот до 2024 година.