Многумина го сметаат Карим Бензема за еден од главните фаворити за освојување на Златната топка, бидејќи е главниот играч на Реал Мадрид и игра на врвно ниво.

Францускиот напаѓач за првпат зборуваше за оваа награда и призна дека сонувал за освојување на Златната топка уште од дете.

„Се разбира како момче сонував да ја освојам Златната топка. Моите идоли Роналдо и Зинедин Зидан ја освоија Златната топка играјќи за Реал Мадрид и за тоа размислувам за „ситница”. Верувам дека не сум далеку од Златна топка“- рече Бензема.

33-годишниот напаѓач досега одигра десет натпревари во сите натпреварувања за Реал Мадрид оваа сезона и веќе постигна десет гола и додаде дури седум асистенции.