Французинот Карим Бензема вечерва го запиша 100. настап во дресот на Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Бензема е еден од само шесте играчи на „кралскиот клуб“ кој има најмалку 100. настапи за Реал во елитното натпреварување на УЕФА.

Рекордер е Касиљас со 150 настапи, следуваат Раул со 130, Рамос има 124, Робето Карлос 107 и Роналдо со 101 настап.