Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема по повикот од Франција и кам-бекот во тимот на Дешамп, отворено проговори и за неговата соработка со Зидан кој го напушти клубот од Мадрид.

„Зидан е одличен тренер, тој е неверојатно човечко суштество. Тоа шго го направивме заедно е фантастично. Жалам што го напушти Мадрид, но тоа е тоа и животот продолжува.“ – изјави Бензема.

Напаѓачот посочи дека посакува успешно ЕУРО и добра соработка со Дешамп, но пред се и соработка со останатите офанзивци во тимот.

„Мбапе е фантастичен играч, не сакам да го споредувам со никој, тој е млад но истовремено е феноменален. Веќе имав можност да тренинрам со него, мислам дека има прекрасна техника, тој е многу добар играч.“ – дополнува Бензема.