Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов смета дека Меси и Роналдо треба секоја година да ги освојуваат индивидуланите награди, бидејќи според него се на друго ниво од останатите.

„Како можете да одбирате други фудбалери меѓу нив двајца. Тие се синоним за успех.Мислам дека секоја година наградите треба да одат во нивните раце. Тешко ми е да кажам кој е подобар. Роналдо ги сака признанијата затоа што е амбициозен и сака да ги сруши сите рекорди. Меси тоа не го истакнува,но сигурно и тој размислува пред секој меч како да ги уништи противниците“-изјави бугарскиот фубдалер.

И Меси и Роналдо досега имаат освоено 6 златни топки, а сезонава Меси ја освои наградата „The Best“ која ја доделува ФИФА.