Поранешниот фудбалер на Интер, Џузепе Бергоми откри дека имал Коронавирус додека работел како стручен констултат на  ТВ и признал дека ја „потценил“ болеста.

Поранешниот италијански интернационалец призна дека се тестирал, откако го загубил чуството за мирисм а притоа имал големи болки во пределот на грдбот.

Јас направив стеролошки тест и мојот резултат беше позитивен. На почетокот на март бев болен. Имав проблеми со чувството за мирис и во грбот, но не и со белите дробови.  Ако повторно ќе се заразам би требало да минам полесно. Не се плашев, но секогаш се ми беше ладно, морав да користам два грејачи. Мислев дека е грип, наместо тоа, јас бев позитивен. Искрено го потценив овој вирус и ги изложив на опасност моите колеги и семејството“- изјави Бергоми.