Легендите на Арсенал, Тијери Анри, Денис Беркамп и Патрик Виеира се приклучиле кон идејата на сопственикот на Спотифај, Даниел Ек да го купи Арсенал.

Легендарнито трио на „Топџиите“ агитира е подготвено да учествува и со финансиски пакет и да откупи дел од акциите на клубот, но управувачкиот пакет да го откупи Даниел Ек.

По првичните неколку состаноци, и по протестот во петокот пред „Емирати“ од навивачите на Арсенал со пораката Кроенке да си оди од клубот, постои голема шанса работите во скоро време да се променат.

Според првичната најава Швеѓанецот е подготвен да достави првична понуда. Даниел Ек има богадство проценето на 3,4 милијарди фунти и е голем навивач на Арсенал.

Неофицијално Арсенал можно е да биде ставен на продажба за сума од 2 милијарди фунти.