Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони има нова фудбалска љубов, ФК Монца која игра во Ц лигата во Италија.

Во пресрет на вечерашното дерби меѓу Милан и Интер, Берлоскуни го спореди квалитетот на неговиот поранешен клуб со актулниот состав на Монца.

„Мојата Монца во ваков состав ќе го победи Милан без проблем со 3-0, веќе разговарав со раководството на мојот поранешен клуб да организираме пријателски натпревар“ – се шегува на сметка на поранешниот клуб Берлускони.

Милан во ерата на Берлускони го освои секој можен трофеј, сега се мачи и е многу неубелдив.