Англиската фудбалска федерација (ФА) отвори истрага против фудбалерот на Манчестер сити,Бернардо Силва кој преку социјалните мрежи се пошегува на расна основа со својот соиграч Бенџамин Менди. Имено, Силва објави фотографија од Менди и карикатура на афроамериканско дете.

Ова ФА сфати како расизам и на португалецот му се заканува суспензија, а до 9 октомври има можност да се изјасни пред ФА.

Доколку ФА одлучи да го казни Бернардо Силва, тој ќе биде во „аут“ и за дербито против Ливерпул кое на програмата е на 10 ноември.