Украинскиот репрезентативец Јевген Конопљанка е нов фудбалер на турски Бешикташ, откако денеска „црно-белите“ од Истанбул се договорија со Шалке за трансфер на овој играч.

Цената која ќе ја плати Бешикташ на Шалке е 3 милиони евра. Конопљанка во Бешикташ ќе заработува плата од 2,5 милиони евра по сезона.

29-годишниот Украинец својата кариера ја започна во Дњипро за кого играше осум години. После тоа се пресели во Севиља, а од 2017 е член на Шалке.

За Укриана Конопљанка има 62 настапи во националниот дрес.