Без ЛШ, нема Кристијано Роналдо – подвлекоа италијанските медиуми.

Како што се наведува, Јуве ќе остане без значителни приходи доколку не влезе во елитното натпреварување, а во тој случај нема да може да ја финансира платата на Роналдо, која изнесува 32.000.000 евра на бруто ниво.

Јасно, самиот Португалец се прашува нешто. Звучи прилично неверојатно дека Кристијано нема да игра во  Лигата на шампионите следната сезона. Секако, тој не би имал желба да остане и да игра во Лигата на Европа, поради што веќе стапи во контакт со неговиот менаџер Жорж Мендеш.

Сепак, еден од најпознатите светски агенти моментално не успева да најде клуб за Роналдо кој ќе му обезбеди сличен приход како во Торино, пишуваат Италијанците.