Македонија и Словенија во четврток (20-45ч.) го играат веројатно клучниот натпревар во овој квалфикациски циклус, победа на една од двете селекции ќе значи многу во борбата за пласман на ЕУРО 2020.

Словенија важи за фаворит во Скопје, внимателни се пред натпреварот, гледаат со респект кон Македонија но ги посакуваат трите бода.

„Македонија е опасна, има пеколни контри, тоа мораме да го запреме, да ги стопираме, нема да се предадат бидејќи сеуште имаат шанси за пласман на ЕП, ние ќе мораме да одиграме на високо ниво ако сакаме победа“ изјави Роман Брезјак.

Македонија и Словенија во четврток се среќаваат од 20-45 часот на арената „Тодор Проески“.