Би-Би-Си го потврди трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг во Челси, најавите сега станаа официјални, договор меѓу трите страни има.

Челси ќе ја плати откупната клаузула од 54 милиони фунти, Вернер ќе заработува 200.000 фунти неделно.Според договорот, Германецот ќе потпише верност на пет години.

Вернер беше желба на Јунајтед и Ливерпул, од калчото имаше понуда од Интер. Германецот е извонреден, сезонава блеска, на 30 натпревар постигна 31 гол во сите натпреварувања.