Ленс успеа да слави со 1:0 во мечот шестото коло од француското првенство. Сепак овој меч го одбележаа нередите предизвикани од фановите.

Поради нив стартот на второто полувреме доцнеше повеќе од половина час, а не се знаеше ниту дали мечот ќе продолжи.

Неколку дена подоцна започнаа и правосудните процеси. Веројатно најбизарен е оној кој го објавија француските медиуми, а станува збор за фан на Лил. Тој според медиумите дошол пред трибините на домашните фанови и мастурбирал. На трибината имало многу семејства со мали деца.

Навивачот би можел да биде казнет поради сексуално екплицитно однесување, а му се закнува и казна затвор од една година и 15 илјади евра. Отворени биле и други истраги. Но, тие се за влегување на теренот и фрлање работи, а има и нацистички поздрави.