Фудбалерите на италијанскиот фудбалски клуб Наполи ремизираа на пријателската средба против Кремонезе откако одиграа 3-3.

Можност за деби настап имаше и нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас кој првпат го облече дресот и заигра за новата екипа,уште дента кога го потпиша договорот.Елмас одигра вкупно 20 минути од мечот.

Тренерот на Наполи Карло Анчелоти по мечот изјави:

„Елмас ќе ни донесе квалитет во средниот ред. Тој е среќен што е тука и тоа е најважно за нас. Зборуваме за модерен фудбалер кој ќе придонесе многу во веќе изградена и квалитетна екипа“ , рече Анчелоти по натпреварот за италијанските медиуми.