Марсело Биелса е задоволен од Езџан Алиоски, тој сака македонскиот репрезентативец да остане и натаму во Лидс Јунајтед.

Алиоски е стандарден играч кај Лидс, но не го продолжи договорот кој истекува ова лето, има понуди од Турција па и најави дека е желба на Галатасарај.

„Не знам што ќе реши Алиоски, преговорите се во тек, има понуда и побарувања, тоа е природен процес. Би бил среќен ако тој продолжи со нас, но клубот и Алиоски одлучуваат за тоа“ – изјави Биелса.